Ако судиме по настапите летово, од шампионот Шкендија не остана ни „ш“. Ѕвездениот состав на газда Лазим Дестани си поигра со реномето на клубот, градено последниве 3-4 години, и наместо дуели со Селтик и учество во групна фаза на ЛЕ, си дозволи срамни порази и елеиминација од второкласни тимови како Номе Каљу и Дуделанж. Капак на резилот беше поразот во првото коло од Академија Пандев, по кој атмосферата во тетовскиот табор дефинитивно е раздрмана, играчите се психолошки депримирани, а над главата на Ќатип Османи виси оставка, која ќе биде активирана вечерва доколку Шкендија не го совлада Силекс во Кратово.
Ама, сега работите стојат поинаку. Ако во претходните 4-5 години, тетовци доаѓале на релаксирачка екскурзија во Кратово, па дури кратовци се шегувале на своја сметка велејќи дека Шкендија уште на Групчин води со 1-0, а на Чатал веќе е 2-0, сега дефинитивно не е така. Знаат добро играчите на Силекс дека доаѓа ранет лав, кој е најопасен кога е во смртна опасност. Ама, знаат и дека на таков лав не треба да му се плашиш, туку треба храбро да му го зададеш решавачкиот удар. Со грогиран противник не се оди на реми, туку треба да се нападне и да се дотепа.
Ќе биде ли така попладнево во Кратово (почеток 17 часот, главен судија Марјан Ецковски), ќе дознаеме некаде пред 19 часот.
Гостува ранетата Шкендија - дали ќе се прероди или ќе биде дотепана во Кратово?
Најново
![]() | Денеска | 8509 |
![]() | Вчера | 2582 |
![]() | Оваа недела | 17239 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 8509 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20926518 |