Верувале или не, фудбалерите на Силекс се навлезени во извонредна серија од дури седум меча без пораз во првенството. Три победи и четири нерешени средби имаат кратовци, а последниот пораз го доживеаја од Шкендија пред месец и половина во Тетово. Од тогаш кратовци мелат се пред себе, но денес (13.30 ч.) ќе бидат на големо искушение, гостуваат кај незгодниот домаќин Шкупи.
-Нема згодни и незгодни противници, и Вардар беше незгоден, па за малку ќе го добиевме во минататот коло. Ние на Чаир одиме по продолжување на позитивната серија од седум меча без пораз. Од меч во меч играме се подобро, и токму затоа верувам во позитивен исход од денешниот меч.Â Е сега, гостуваме на Чаир, на жеок терен со најдобри навивачи, на тим со солиден квалитет, но ние одиме да ги исполниме нашите замисли и од тоа бегање нема - вели Благој Гуцев, играчот кој дава голем придонес во играта на тимот и голем мотиватор на екипата.
Гуцев: На Чаир одиме по продолжување на позитивната серија од седум меча без пораз
Најново
![]() | Денеска | 1800 |
![]() | Вчера | 10049 |
![]() | Оваа недела | 32974 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 24244 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20942253 |