gogo

A+ R A-


Гуцев погоди на Чаир за трето реми во серија за Силекс

altСилекс го нанижа и третото реми во серија, овојпат на тешкиот терен во Чаир против Шкупи. По киксот против Ренова на домашен терен, кој се покажа дека всушност и не бил кикс затоа што истата Ренова остана непоразена со Шкендија и Вардар во последнте две кола, кратовци одиграа две нерешени средби против Пелистер и Шкупи, носејќи во Кратово два бода големи како планина. Инаку, денес лошо тргна мечот за Силекс, откако Османи упати бомба од 20 метри и го совлада Вујанац. Но, во вториот дел четата на Митевски се созема, собра сили и преку Гуцев во финишот од мечот израмнија на 1-1, што се покажа како конечен резултат.

ТАБЕЛА: Вардар 18, Шкендија 14 (еден натпревар помалку), Пелистер и Работнички по 12, Ренова 11, Силекс 10, Победа 8, Шкупи (-1), Брегалница и Македонија Ѓ.П. по 6 бода.

ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО, РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 1-1

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА 1-1

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-2

ШКУПИ – СИЛЕКС 1-1

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 2-1


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.