Кога минатото лето пристигнаа во Силекс, навивачите коментираа дека ФК Силекс ќе отвара кошаркарска секција. За кусо време браќата Стефан и Момчило Рудан станаа столб во одбраната на Силекс, која доби на висина и квалитет. Во новата сезона очекуваме гранитен братски тандем во одбраната и најмалку примени голови во првенството.

















