Голманите Даниел Божиновски и Мартин Богатинов, иако беа само резерви на клупата во двата историски меча на македонската репрезентација против Косово и Грузија, сепак, добро ќе се „опарат“. Според информациите до кои дојде порталот „Спорт1“, и двајцата ќе добијат премија од по 25.000 евра. Богатинов беше резерва против Грузија, а Божиновски против Косово.
Даниел Божиновски беше повикан и за дуелот со Грузија, но поради инфекција со коронавирус, отпадна од списокот во последен момент. Доколку беше учесник во финалниот бараж со Грузија, ќе инкасираше неверојатни 62.500 евра, колку што заработи Дамјан Шишковски, кој беше резерва на двата меча.
Да им посакаме добри настапи пролетва во своите клубови и на лето да бидат од континенталниот собир наречен ЕУРО 2021.
Иако не бранеа, Божиновски и Богатинов добро ќе кешираат од пласманот на ЕП
Најново
![]() | Денеска | 86 |
![]() | Вчера | 1989 |
![]() | Оваа недела | 9391 |
![]() | Минатата недела | 22394 |
![]() | Овој месец | 57675 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20975684 |