Кратко траеше авантурата на голгетерот Игор Недељковиќ на Далечнот Исток. По само неколку месеци поминати во Хонг Конг во дресот на Пегасус, Недеља се враќа повторно на Балканот, ама не во дресот на Силекс, туку во соседна Албанија. Тој се договори со челниците на прволигашот Фљамуртари во следниот период да го носи црвено-црниот дрес, и тоа под тренерската палка на Шпетим Дуро (екс тренер на Шкендија) и Јетон Беќири (од Ренова). Можеби по препорака токму на овие двајца тренери, кои на своја кожа ги имаат почувствувано голгетерските квалитети на српскиот интернационалец кога играше за Силекс), Недељковиќ замина во моментно третопласираниот клуб во Албанија, кој заостанува 9 бода зад лидерот Скендербег.
Токму нападот е рак-рана на тимот на Фљамуртари, кој има само еден пораз во 13 кола, но затоа има очаен напад кој постигнал само 13 погодоци. Дали Недељковиќ ќе ги реши проблемите на Дуро, ќе видиме во периодот кој следува.
Игор Недељковиќ го замени Хонг Конг со албанскиот Фљамуртари
Најново
![]() | Денеска | 1682 |
![]() | Вчера | 10049 |
![]() | Оваа недела | 32856 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 24126 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20942135 |