gogo

A+ R A-


Инциденти во Чаир, пресметка меѓу Грофови и Шверцери, искршен автобус...

alt

Вчерашната пресметка во футсал купот меѓу шампионот Железарец и второлигашот Кратово заврши онака како што се и очекуваше, со триумф на фаворитот од 11-3. Она што го одбележа мечот кој се играше во скопски Чаир се немилите сцени и инциденти што се случија помеѓу навивачките групи „Грофови“ и „Шверцери“, акои беа предизвикани од навивачката група од Чаир. Според нашите информации, навивачката група „Грофови“ во бројка од околу 80 навивачи коректно го бодрела гостинскиот клуб, се додека во второто полувреме во салата не пристигнала малубројна група „Шверцери“, кои предизвикале инцидент. Притоа дошло до контакт на двете групи, при што имало размена на тупаници, а посериозно настрадал и еден гледач од Кратово, кој со повреда на лицето завршил во болница. Откако „Шверцери“ успеале преку инсценирање инцидент да ја остварат намерата, а тоа било да ги украдат навивачките транспаренти на „Грофови“, полицијата успеала да ги отстрани од салата.
И кога навидум инцидентите запреле, а мечот бил завршен со триумф на Железарец (навистина е чудно зошто Железарец одбрал својот меч да го игра во Чаир???), дивеењето на „Шверцери“ продолжило надвор од салата. Кога навивачите од Кратово влегле во автобусот, почнале да фрчат камења од сите страни, при што бил оштетен автобусот на „Филе-турс“, а било скршено и едно странично стакло.
Кратовци доцна во ноќта се вратија во својот град, со горчина во душата и чувство дека се враќаат од воено боиште, а не од спортски натпревар во Македонија. А работите дополнително ќе се искомплицираат наскоро, бидејќи ќе следат две пресметки меѓу Кратово и Шкупи во битката за влез во првата лига. А тогаш кој ќе ги смири зовриените навивачки страсти???

https://fbcdn-sphotos-g-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xfa1/v/t1.0-9/11066535_10152964955843171_760385152034246370_n.jpg?oh=e61ddc0889fae34cfcec0fd67a0ad969&oe=55E3758A&__gda__=1440893185_e16cab8271bf3ec49372da918426ef2a

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.