gogo

A+ R A-


Источно „ел класико“, Силекс ја пречекува Брегалница

altДенес (недела 13.30ч.) се игра големото фудбалско дерби на Истокот меѓу Силекс и Брегалница, меч кој е повеќе од обичен прволигашки дуел, кој значи борба за престиж, а годинава и битка за опстанок. По одличниот старт, кратовци се малку раздрмани од лошата резултатска серија, но тоа не смее да се одрази на играта проитв штипјани, сметаат кратовци. На спротивната страна ќе го имаат „грогираниот“ тим на Брегалница, состав кој дефинитивно разочара во првите единаесет кола и е закован на дното на табелата.
-Позицијата на табелата воопшто не смее да не залажува. Не очекува многу тежок меч против тим кој ќе сака излез од кризата. Играме пред домашната публика, имаме нов тренер, тоа е довона мотивација да стигнеме до трите бода и да ги израдуваме нашите навивачи - вели столбот на одбраната Немања Иванов.

Според обложувалниците, фаворит е Силекс со коефициент 1.80 за победа, наспроти 4.30 за триумф на Брегалница. Главен арбитар на мечот ќе биде искусниот охриѓанец Марјан Маркоски.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.