gogo

A+ R A-


Историски резултат во Пекинг

Олимписка бронза за Наташа Илиевска во Пекинг

пишува - Оливер Арсовски

Најдобрата спортистка во Македонија за изминатата година, каратистката Наташа Илиевска, оствари извонреден успех на Олимписките игри во боречки вештини, чии домаќин е Пекинг. Во конкуренција на осумте најдобри каратистки во светот, кратовчанката Илиевска во Пекинг го освои бронзениот медал. Во борбата за бронзениот медал, Наташа Илиевска со 4:1 ја победи Катерина Стрика. Настапот во Пекинг, Илиевска го заврши со две победи, две нерешени борби и еден пораз. До бронзениот медал стигна преку победата над кинеската преставничка, со еквадорката и хрватската каратистка која е и европска шампионка избори нерешен резултат, и во борбата за финале загуби на продолжение од колумбијкатa која е и првак на американскиот континент, со 1:0. Во борбата за бронза ја победи србинката Катерина Стрика со 4:1 и со тоа на својата кариера и го додаде овој несомнено еден од најголемите светски резултати. Бронзата во Кина, за Илиевска, која е вицепрвак на Европа и европска Универзитетска шампионка, е еден од најголемите успеси во нејзината кариера.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.