Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска беа извлечени паровите од првото коло на Купот на Македонија. Во ова рунда од најмасовното натпреварување кај нас ќе се игра само еден натпревар. Прволигашите и најдобрите екипи од претходната сезона во ВМФЛ се во улога на носители и натпреварите ќе ги играат во гости. Титулата од минатата сезона ќе ја брани битолски Пелистер.
Двојки за 1.коло во Купот на Македонија:
Локомотива – ВардарÂ
ССК Нова – Академија ПандевÂ
Борец – ВлазеримиÂ
Кожув – НовациÂ
Вардар Неготино – ЕуромилкÂ
Беласица - ПелистерÂ
Плачковица – ПобедаÂ
Осогово – Брегалница ШтипÂ
Могила Би-милк – Силекс
Струга Трим Љум – Македонија ЃПÂ
Охрид – Скопје ЛихнидосÂ
Зајази – ШкупиÂ
Гостивар – ШкендијаÂ
Тетекс – Хоризонт ТурновоÂ
Тиквеш - РеноваÂ
слободен: Работнички
Натпреварите од првото коло ќе се одиграат на 16 август, а финалето е предвидено за 9 мај 2018 година.