Силекс продолжува и понатаму без триумф и по осум одиграни кола, но барем успеа да остане непоразен во Охрид од директниот конкурент Победа. По голема борба, екс-шампионите одиграа нерешне, 1-1, иако прилепчани беа поблиску до трите бода. Со голот на Цветановски во 47-та минута, кој претставува вистинска мајсторија, Â домаќинот поведе со 1-0. Истиот играч можеше да го одлучи победникот малку подоцна, но Вујанац со прекрасни интервенции успеа да го спаси голот на кратовци. Бодот голем како планина е дело на нововлезениот Валмир Јонузи, кој прифати една одбиена топка на 20 метри од голот и со прецизен удар го совлада Манчевски.
http://www.youtube.com/watch?time_continue=41&;v=-PHHJgzMNq0
Резултати 11. коло: Шкендија - Вардар 0:2, Македонија ЃП - Ренова 3:1, Брегалница - Пелистер 0:0, Победа - Силекс 1:1, Работнички - Шкупи 3:1.
ТАБЕЛА: Вардар 25, Шкендија 20, Работнички 19, Пелистер 16, Ренова 15, Силекс 11, Шкупи 10, Победа 10, Македонија ЃП 9, Брегалница 8.