пишува - Оливер Арсовски
Можеби некој ќе се зачуди, но нашата држава има и репрезентација во сумо-борење. Иако оваа боречка вештина е карактеристична за далекуисточните земји, со се поголема популарност се здобива и на Балканот. Неколку наши сумо-борачи на чело со кратовчанецот Јован Илиоски пред три дена ја започнаа битката за медали на Европското првенство, кое се одржува во Будимпешта. Илијоски го освои петтото место, а кочанчанецот Бобан Савев стигна до сребрениот медал.
-Ова беше мој прв настап на ЕП и петтото место кое го освоив е одличен успех. Можеби потајно посакував медал, но и ова е добар резултат. Мојот контакт со сумо-борењето беше случаен, бидејќи започав да тренирам класично борење, но на еден регионален шампионат во Бугарија пробав сумо и одтогаш сум вљубен во оваа вештина. Јас настапувам во категорија до 115 кг, но изгледам далеку поатрактивно од јапонските сумо-борци, кои имаат многу масно ткиво – ни изјави Илиоски.