Кратовецот Јован Илиоски замина на европското првенство во сумо-борење. Нашите сумо репрезентативци за ова Европско првенство со судни маки обезбедија финансиски сретства за настап на истото, но благодарение на Менаџерите на Мерцедес Колиндејл од Лондон кои се и генерални покровители, сега нашите борачи се во Самоков (Бугарија).
Најголемиот дел од сретствата за нашите сумо борачи ги обезбедија менаџерите Даниел Стоиловски и Рома Антониани кои му излегоа во пресрет на нашиот Сумо боречки тим, да земе учество на ЕП и голема историска можност да изборат и пласман на Олимпијада.
Нашата Сумо репрезентација ја сочинуваат Бобан Савев до 85 кг., Даниел Михајлов до 100 кг., Јован Илиоски кој ќе се бори во категоријата до 115 кг., и селекторот исто така и претседател на федерацијата Виктор Богданов и судијата Даниел Илиев.
Првенството започна на 13 јуни кога беше мерењето додека денес се првите борби, за утре да бидат финалните и завршни борби.
Да им посакаме голем успех на нашите претставници во Самоков и висок пласман и се надеваме пласман на олимпијата.