gogo

A+ R A-


Каде ќе ја продолжи кариерата кратовскиот голман?

Левски во обид да го доведе Мартин Богатинов

пишува - Оливер Арсовски

Голема е веројатноста во зимскиот преоден рок бугарскиот првак Лев­ски да се засили со Македонец на голманската позиција. Медиумите кај источниот со­сед веќе јавија дека раководството на клубот донело одлука изборот да падне на нашиот сограѓанин Мартин Богатинов од Работнички или, евентуално, да се одлучат за искусниот Един Нурединовски, кој настапува во кипарскиот клуб Етникос Ахна. И двајцата има­ат важечки договори со своите клубови, што значи дека за нив ќе треба да се пла­ти отштета, но тоа нема да биде проблем за "левскарите" кои деновиве ќе до­би­јат милионска сума за продажбата на најдобриот играч Гара Дембеле во Кина. Сепак, мала е веројатноста Богатинов да прифати понуда од Бугарите, затоа што зимава има шанси да се пресели на британскиот остров.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.