88’ – Убава шанса за Карабах преку Џафаркулиев, но топката завршува за малку крај голот
4:0 80’ – Силекс не користи, но затоа Карабах погоди. Озобиќ асистира повторно, а Емрели погоди во мрежата на Силекс за уште поубедливо водство
64’ – Сега Тантуровски немаше среќа. Шутира, топката закачи некој од одбраната на Карабах и ја погоди стативата
63’ – Повторно Ивановски во шанса, овој пат погоди во надворешниот дел од мрежата
56’ – Статива! Најсериозна шанса за Силекс преку Ивановски, но рамката од голот сојузник за Карабах. Потоа истиот играч шутира, но голманот на Карабах одбрани
3:0 52’ – Повторно изведен корнер, на првиот дирек Ромеро до Герер кој повторно стрела за 3:0
46’ – Почеток на второто полувреме
КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ. КАРАБАХ – СИЛЕКС 2:0
41’ – Реакција на играчите на Силекс кон судиите за голот, но одлуката не е сменета. Карчески доби и жолт картон поради протестите кон арбитрите
2:0 40’ – Матиќ центрира од корнер, топката ја испушти Божиновски до Герер кој стрела во мрежата
20’ – По загубена топка на Матиќ, закана од Тантуровски, но непрецизно по голот на Карабах
15’ – Двојна шанса за Карабах, најпрво Озобич шутираше непрецизно, а потоа Божиновски го брани ударот на Медведев
1:0 11’ – Гол за Карабах. Ромеро по една убава акција изби сам одкосо од десно и го совлада Божиновски за водство на домашниот тим
4’ – Првиот удар на мечот го има Силекс преку Мустафов, но безопасно