gogo

A+ R A-


Каратистката од Кратово освен медали, „жнее“ и пари

Макпетрол ја награди Наташа Илиевска со 220.000 ден

Најдобрата каратистка на Македонија, Наташа Илиевска, и нејзиниот колега од репрезентацијата Жарко Арсовски, обајцата членови на КК Макпетрол, вчера на пригодна свеченост, во присуство на познати спортски имиња и спортски работници, парично беа наградени од својот матичен клуб.

За освоениот бронзен медал на првите Светски игри во боречки вештини, одржани во Кина годинава, Наташа доби 220.000 денари, додека Арсовски за златниот медал на Медитеранските игри во Турција доби 75.000 денари. Наградите во присуство на тренерот на Макпетрол и селектор на македонската репрезентација Бошко Заборски во борби, им ги врачи претседателот на овој клуб, Зоран Доневски. Обајцата, заблагодарувајќи му се на својот клуб, истакнаа дека овие награди ќе претставуваат поттик повеќе да продолжат со постигнување на вакви успешни резултати.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.