По серијата лоши резултати, фудбалерите на Силекс заостануваат големи 4 бода зад Пелистер и Ренова во битката за четвртата позиција која води во Европа. Утре кратовци против Брегалница (16 ч., Кратово) го фаќаат последниот воз, ако сакаат и натаму да останат во битката за четвртата позиција. За такво нешто се потребни голови, а во отсуство на Каланоски, голови се очекуваат од српскиот напаѓач Јован Кастратовиќ, кој минатата недела дебитираше во дресот на Силекс, одигрувајќи ги последните 5 минути со Шкендија.
-Тренирам напорно, се трудам максимално, искрено се надевам дека против Брегалница ќе добијам шанса од првата минута. сепак, тоа најмногу зависи од тактичките замисли на тренерот Тасевски, но ако ми укаже шанса, се надевам дека ќе постигнам дебитантски гол во дресот на Силекс. Без разлика колкава минутажа ќе добијам, ќе се потрудам да ја затресам мрежата на гостите. Но, овој момент најбитно е да се вратиме на победите, да дојдеме до трите бода и да останеме во игра за Европа - вели напаѓачот Јован Кастратовиќ.
Кастратовиќ: Време е Силекс да победи, а јас да постигнам првенец во „црвено-синиот“ дрес
Најново
![]() | Денеска | 4377 |
![]() | Вчера | 2878 |
![]() | Оваа недела | 10895 |
![]() | Минатата недела | 26770 |
![]() | Овој месец | 54663 |
![]() | Минатиот месец | 138483 |
![]() | Вкупно | 22245445 |