gogo

A+ R A-


Кик-боксинг клуб „Дан Каи“

Кик-боксерот Оливер Трпковски реди успеси

пишува - Оливер Арсовски

Кик Боксинг клубот ''Дан Каи'' од Кратово е формиран 1995 година и е член на Кик Боксинг Федерацијата на Република Македонија. Во моментов клубот брои околу 30 активни спортисти. До сега од овој клуб излегле неколку репрезентативци, од кои меѓу најистакнатите е нашиот сограѓанин Трпковски Оливер, кои се има закитено со многу медали на домашно и меѓународно ниво.
Оливер е член на Кик Боксинг клубот „Дан Каи“ од 2005 година. До сега бил повеќекратен државен првак на Република Македонија во јуниорска и сениорска конкуренција во повеќе дисциплини од Кик Боксот.
Во 2007 год. станува државен шампион во дисциплината Фул контакт, додека во 2009 и 2010 година го зазема приматот државен првак во дисциплината Лоу кик.
Како позначаен остварен голем успех на меѓународно ниво за Кик Боксинг репрезентацијата на Република Македонија го издвојуваме 5-то место на Светскиот Куп што се одржа во градот Пакрац, Хрватска од 11 до 13 Декември, 2009 година.
Во Оливер гледаме уште еден успешен македонски репрезентативец кој ќе ги брани боите на Република Македонија како на домашно, така и на меѓународно ниво.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.