gogo

A+ R A-


Ќе има циркус: Контроверзниот Далибор Ѓорѓевски ќе го суди дербито Силекс-Вардар

Фотографија на Аберџија / Aberdzija news portal.Во фудбалскиот шампионат на Македонија, поради велигденските празници, наместо вообичаено во недела, утре ќе се играат средбите од 27.коло во Првата лига. Дербито е во Кратово, каде Силекс ќе го пречека составот на Вардар, а главен судија на оваа средба ќе биде Далибор Ѓорѓевски од Куманово. Нему ќе му помагаат, Никола Караколев од Штип и Никола Божиновски од Скопје. Ѓорѓевски важи за контроверзен судија, со „краток фитиљ“, па интересно ќе биде како ќе го отсуди големото дерби меѓу старите ривали со многу титули.

Почетокот на натпреварот Силекс – Вардар е закажан за 16 часот, термин во кој ќе се играа останатите четири среди, а во кои ќе се сретнат: Македонија ЃП – Шкупи, Пелистер – Шкендија, Работнички– Брегалница и Ренова – Победа.

Табела: Вардар 62 бодови, Шкендија 51, Работнички 43, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 32, Шкупи 28, Победа 23, Македонија ЃП 18 и Брегалница 17.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.