Пред десеттина дена дождот го одложи мечот на Силекс со Скопје, кој треба да се игра на 7 март, но како што стојат работите утрово во Кратово, сега снегот би можел да го одложи денешниот меч со Пелистер. од рано изутрина снегот непрекинато паѓа и ако продолжи со ова темпо, до 14 часот би можело да напласти 5-6 сантиметри. Одлуката секако ќе биде на главниот судија Јосип Бартон и капитените на двата тима.

















