Утре во Кратово ќе биде вистински спортски празник, почнува вториот дел од футсал првенството. Во Кратово гостува лидерот Шкупи (почеток 14 часот), тим кој важи за голем фаворит и претендент за влез во елитното друштво. Фудбалерите на КМФ „Кратово“ со респект кон противникот, но и со огромна желба да се совлада противникот.
-Иако на стартот од првенството го декласиравме противникот на негов терен со 6-0, сега ќе биде многу поинаков меч. Чаирчани знаат со кого си имаат работа и многу посериозно ќе влезат во мечот. Ова ќе биде големо дерби, се надевам на полни трибини и голема поддршка од „Грофови“, па по мечот да прославиме една голема победа и да исчекориме кон врвот на табелата - вели Горан Арсовски, голгетерот на домашниот тим.
Кратовци утре ќе бидат засилени со Даниел Лампевски, а во тимот ќе го нема Валентино Давитков.
Ќе се тресат трибините, КМФ „Кратово“ го пречекува лидерот „Шкупи“
Најново
![]() | Денеска | 1815 |
![]() | Вчера | 4607 |
![]() | Оваа недела | 6422 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 32312 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20950321 |