gogo

A+ R A-


ККФ Кратово со пресврт го совлада Рудник Саса со 6-4 (ВИДЕО)

Футсалците на КМФ Кратово веројатно го одиграа најлошиот меч на домашен терен во оваа сезона, но и понатаму остануваат непоразени на домашен терен. Тоа е големината на еден клуб, да победува и во мечеви на кои дефинитивно не му оди ништо од рака. Таков беше вчерашниот дуел со КМФ Рудник Саса, на кој избраниците на тренерот Никола Јосифовски имаа извонредно слабо полувреме, во кое примија три погодоци и губеа 1-3 на полувреме. Вториот дел донесе далеку поангажирана игра на домаќините, па така резултатот беше свртен во корист на Кратово и на крајот заврши со триумф од 6-4 за домашниот состав. Стрелци на головите беа Лампевски (2), Стефанов (2), Арсовски, а за издвојување е прекрасниот погодок на ветеранот Стојановски, кој од слободен удар ја закова топката под пречката.
Во преполната сала поддршка на тимот му даваа и пратеникот Марјанчо Колевски и Јонче Спиридонов, иселеник од Кратово во Франција кој сака во иднина да му помага на клубот од Кратово.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.