gogo

A+ R A-


КМФ „Кратово“ го демолира „Цико“, следна цел е лидерската позиција

altФудбалерите на КМФ „Кратово“, полека но сигурно, се искачуваат кон лидерската позиција. Викендов во Кратово беше демолиран директниот конкурент „Цико“ од Стојаково со 4-0, со што кртовци се искачија на втората позиција, со само два бода заостанување зад лидерот Шкупи.
Избраниците на тренерот Јосифовски одиграа едно од најлошите први полувремиња, кога само среќата ги спаси од негатива, особено ви миговите кога играа со играч помалку поради црвениот картон на Никола Јовановски.
Во вториот дел кратовци ја заиграа препознатливата игра, се стегаше обрачот пред гостинскиот гол, а набргу стигнаа и головите. Два на Даниел Лампевски, и по еден на Драган Стефанов и Бобан Начковски, доволни за еуфорија на трибините и огромна радост на „Грофовите“.
Втора Футсал лига 12-то коло

21.02.2015 14:00 часот КМФ Кратово - КМФ Цико 4:0
21.02.2015 16:30 часот КМФ Богородица - КМФ Бели 9:6
21.02.2015 17:30 часот КМФ Гемиџии - КМФ Шкендија 7:10
21.02.2015 18:00 часот КМФ Рудник Саса - КМФ Шкупи 7:6 (прекин 39 минута)
КМФ Овче Поле слободен.

Табела
1. КМФ Шкупи 25 (-1)
2. КМФ Кратово 23
3. КМФ Шкендија 22
4. КМФ Цико 21
5. КМФ Рудник Саса 17 (-1)
6. КМФ Овче Поле 15
7. КМФ Бели 6
8. КМФ Гемиџии 6
9. КМФ Богородица 3

Коментари

А кога и каде игра*Кратово* во идното коло?

-1 В. Кратовалиев 2015-02-22 14:38 #1

Цитат

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.