Уште една фудбалска „рапсодија во портокалово“ во Кратово, за нов убедлив триумф на КМФ „Кратово“ над велешките „Гемиџии“. Иако конечниот резултат гласи 6-1, сепак истиот можеше да биде у дуплиран да беа малку поприсебни футсалците на „Кратово“. По ремито во првите 20 минути, кратовци се ослободија од грчот и во вториот дел го демолираа гостинскиот состав. Тоа беше уште една блескава вечер на Горан Арсовски, Никола Јовановски и Бобан Начковски, кои забележаа по два погодока на своето конто. Не помал беше придонесот и на останатите играчи кои ја добија довербата од стариот лисец Никола Јосифовски, кој и покрај убедливиот триумф, на крајот изрази незадоволство од играта, сакајќи веројатно да каже дека овој состав може далеку повеќе.
Најново
![]() | Денеска | 983 |
![]() | Вчера | 1955 |
![]() | Оваа недела | 12398 |
![]() | Минатата недела | 32439 |
![]() | Овој месец | 86323 |
![]() | Минатиот месец | 847250 |
![]() | Вкупно | 22138622 |