gogo

A+ R A-


Коцев се пресели во Грција, Додев потпиша за Брегалница

Фотографија на Ένωση Πανασπροπυργιακού - Δόξας Ασπροπύργου.Довчерашниот бек на Силекс, Стефан Коцев, кариерата ја продолжува во соседна Грција. Тој денес потиша за грчкиот третолигаш Еносис Аспропиргос. Иако се очекуваше тој да се врати во матичниот клуб Брегалница, сепак, се одлучи на прв трансфер во неговата кариера надвор од границите на земјава.
Затоа Дарко Додев многу не размислуваше и од прва ја прифати понудата на штипскиот второлигаш Брегалница. Екстраталентираниот крилен напаѓач навидум направи чекор назад во кариерата, затоа што си замина од стабилен и трофеен клуб каков што е Силекс, а потпиша за вторлигаш кој прашање е дали напролет ќе се избори за влез во елитата, имајќи предвид дека битката во втората лига е жестока и за првата позиција конкуриррат 4-5 клубови.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.