gogo

A+ R A-


Колумна на Оливер Иванов: Младите и спортот

altВо денешно време, се помалку се спортува. А, доколку се спортува тоа најчесто младите го прават бесцелно, без никаква цел. Што е причината за тоа ? Дали недостатокот на ресурси или неисплативоста во вложување во спортот во нашата држава ? Или пак нешто друго им попречува во тоа ? Колумнава е да разјасниме со ова, како и да дадеме нови гледишта за тоа како може да се подобри оваа ситуација...

Спортот е една од најважните физички активности. Благодарение на него, правилно растиме и физички правилно се развиваме. Спортувањето треба на многумина да им е биде примарно хоби, за правилен раст и развој. На одредени луѓе тоа и е, но на мноштвото од младината повеќе и не е. Причината за тоа е и повеќе од јасна- појавата на новата супер технологија ги ,,зацврсти“ младите за компјутерите и мобилните телефони, таблети. Со што тие физичката активност речиси ја отфрлија од нивните животи, и сега тоа време што им било предодредено за нејзе го поминуваат легајќи на кревет со мобилен или далечинско во рака. И за жал, тоа е слика на денешната сурова реалност.

Но, сепак има и некои кои спортуваат. Но со каква цел го прават тоа ? Дали со желба дека ќе станат познати спортисти или нешто друго се крие позади тоа ?

Денеска многу млади што спортуваат, спортуваат бесцелно, односно немаат никаква цел поради која спортуваат. Спортуваат да, за рекреација и правилен развој, и тоа е добро. Но, зар не би било подобро кога некои навистина добри спортисти од тој спорт би направиле бизнис и играјќи тоа да станат популарни и да направат пари ? Но, многу малку и се стремат кон тоа. Можеби тука и една од главните причини би била тоа што немаат некој врвен спортист од Македонија кој би ги поттикнал младите да започнат со спортување. Можеби затоа што до слава и популарност не може да се дојде во мала земја каква што е Македонија ? Па, затоа на многумина и не е исплатливо финансирање и усовршување на спортски план.
Оливер Иванов, ученик во втора година во „Митко Пенџуклиски“ Кратово
Колумната е објавена во средношколскиот весник „Медиум“

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.