Дисциплинската комисија на ФФМ го казни Сашо Ѓорески, фудбалерот на прилепскиот прволигаш 11 Октомври, со шест месеци суспензија поради груба игра со која му скрши нога на играчот на Силекс, Ѓорѓи Марков. Тој добил скршеница на двете потколеници и бил опериран во Ургентниот центар од д-р Виктор Камиловски. Операцијата е успешна, а на Марков му преостанува да помине долг рехабилитациски процес пред да се врати на фудбалските терени.
Сашо Ѓорески, кој е поранешен фудбалер на Силекс, доби директен црвен картон за својот старт над Ѓорѓи Марков, на натпреварот против Силекс што 11 Октомври го загуби со 1-3.