gogo

A+ R A-


Кратовци ја отпишаа Шкендија, во среда ќе го отпишуваат и Железарец

Пролет од соништатата за футсалците на КМФ Кратово. Ниту најголемите оптимисти не очекуваа дека храбрата чета на стариот лисец Никола Јосифовски оваа пролет ќе гази се пред себе. Ако го изземеме единствениот кикс против лидерот Шкупи (2-2 во Кратово), останатите противници беа буквално згазени, најголемиот дел од нив со разлика поголема од 4-5 голови. Последна жртва на кратовци беа футсалците на Шкендија, тим кој едноставно мораше вчера да победи за да се пласира во плеј-офот. Не помогнаа ниту притисоците, ниту грубата игра на домаќинот, ниту судиската пристрасност, затоа што КМФ Кратово не сака заткулисни игри, туку победи извојувани со труд, залагање и гинење на теренот. Тоа и се случи во жешката сала во Тетово, каде кратовци одиграа извонредна партија и со 4-2 го совладаа домашниот тим. Двапати губеа, но двапати се враќаа во игра и на крај заслужено славеа со трите погодоци на извонредниот Горан Арсовски и еден на Бобан Начковски. За издвојување е блескавата вечер на голманот Јованче Ивановски, кој имаше сто раце и нозе и правеше чуда на голот.
Со овие три бода кратовци завршија на второто место во регуларниот дел од сезоната и веќе следната недела ги стартуваат дуелите од плеј-офот и битката за пласман во елитата. Колкави се вистинските можности на составот на Јосифовски ќе се знае веќе в среда, кога КМФ Кратово гостува на шампионот Железарец во рамките на Купот.

Втора Футсал лига, 18-то коло

КМФ Шкупи - КМФ Цико 7:2
КМФ Гемиџии - КМФ Рудник Саса 1:8
КМФ Овче Поле - КМФ Богородица 4:2
КМФ Шкендија - КМФ Кратово 2:4

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.