Силекс врза три победи во низа
пишува - Оливер Арсовски
Во Битола домашните навивачи незадоволни од управата на Пелистер, недоразбирањата сакаа да ги решаваат на теренот и дуелот со Силекс беше во прекин нешто помалку од половина час. Полицијата ги испрати „чкембарите“ надвор од стадионот по што натпреварот продолжи. Силекс уште еднаш докажа дека има тим за респект и рутински стигна до трите бода. Стрелци на головите беа Стојановски, Темелков и Заревски.
Инциденти имаше и во Кичево .Навивачите на Шкендија на гостувањето кај Напредок во Кичево го симнаа македонското знаме и предизвикаа прекин на дуелот. Испровоцирани фудбалерите на Напредок не сакаа да го продолжат мечот се додека знамето не беше вратено. Пропозициите налагаат дуелот да не се игра без истакнато државно знаме.
На табелата по средбите од 10 коло води Ренова со 19 бода па следуваат Шкендија 18, Турново, Скопје и Металург по 16, Напредок, Силекс и Работнички 15, Тетекс 14, Брегалница 10, Пелистер 5 и Вардар 3 бода.
10 КОЛО - РЕЗУЛТАТИ:
- Напредок - Шкендија 1:1
Степановски 20' - Андонов 85'
-
Пелистер - Силекс 1:3
Симоновски 45' - Стојановски 10', Темелков (п) 28', Заревски 88'
- Скопје - Тетекс 1:0
Јовановски 79'
- Хоризонт Т. - Работнички 0:2
Фернандо (п) 28', Глигоров 86'
- Ренова - Металург 1:0
Степановски 35'
- Вардар - Брегалница 1:2
Стојковски 45'- Велинов 30', Здравков 89