gogo

A+ R A-


Кратовци продолжуваат во осминафиналето на Купот

Силекс минимално го победи Охрид 2004

Минимален триумф 1-0 на двократниот освојувач на купот, Силекс против Охрид 2004 на натпреварот од 16-финалето на националниот куп на “Билјанини Извори“ во Охрид.

Стрелец на единствениот гол вреден осминафинале беше Ѓорѓи Заревски на стартот на мечот во 10-та минута.  Офанзивниот Бошковски се проби и нафрли од десната страна во срцето на шестнаесетникот, каде највисок во скокот беше  Заревски, кој со глава ја смести топката во мрежата на “рибарите“. По примениот гол охриѓани се обидуваа да стигнат до изедначување ,но гостите не им дозволија да се разиграат. Натпреварот во првите 45 минути  мина во игра по средината на теренот, а сликата многу не се промени ниту во второто полуврме. Кратовци “љубоморно“ го чуваа своето водство, кое не беше загрозено до самиот финиш од мечот. Тогаш охриѓани се заканаа преку капитенот Клечкароски, кој “распали“ од слободен удар, но потесната одбрана на кратовци од гол-линијата спречи радост на домашните навивачи.
Осогово - Превалец 6:0

Брегалница 2008 - Охрид Лоте 3:1

Локомотива - Беласица 1:0

Миравци - Работнички 1:0

Охрид 2004 - Силекс 0:1

Риниа - Милано 3:0

Новаци - Вардар 2:3

11 Октомври - Скопје 2:1

Влазними - Шкендија 3:3 (5:4 пен.)

Баир К. - Пелистер 1:3

Тиквеш - Дрита 2:1

Преспа - Металург 0:7

Еуромилк - Напредок 1:1 (1:4 пен.)

Карбинци - Х. Турново 0:5

Саса - Тетекс 1:2

Цементарница - Ренова 0:1.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.