gogo

A+ R A-


Кратовци се осипуваат

Брегалница го сака пола Силекс

пишува - Оливер Арсовски

Новиот член на прволигашкото друштво, Брегалница од Штип, летово има намера да ангажира дури петмина сегашни или поранешни играчи на Силекс. Интересно е што до лани кратовци беа тие кои во секој преоден рок носеа играчи од Штип, но сега работите се променија. Најблиску до трансфер во градот под Исарот се ветераните Ванчо Трајчов и Столе Ѓеорѓиев, кои летово станаа слободни играчи. Покрај нив, управата на штипјани ги бара и напаѓачите Душко Андонов и Ангел Нацев, но за нив Силекс бара отштета и мали се шансите да дојде до трансфер.

Речиси завршена работа е трансферот на поранешниот силексовец Михаил Донев, кој пролетоска настапуваше за еден италијански нисколигаш.

- Интензивно преговарам со управата на штипјани и најверојатно ќе го засилам мојот матичен клуб. Намерата ми е да останам тука барем до декември, а потоа да се вратам повторно во Италија, каде настапував минатата пролет - вели Донев.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.