Странско трио во Силекс
пишува - Оливер Арсовски
На неколку дена пред почетокот на првенството, раководството на Силекс го затвори списокот со засилувања. Во последен момент тимот се засили со Црногорецот Миодраг Караџиќ (23), играч за врска кој настапувал за Рудар Пљевља, Ком, Јединство Бјело Поље, а поминал низ младинската школа на Црвена звезда. Неколку дена порано кратовци го ангажираа и Немања Марковиќ (21), перспективен халф кој доаѓа од српскиот клуб Железничар Лајковац. Интернационалното трио во Силекс го дополнува Урош Јанковиќ, црногорскиот дефанзивец кој до скоро настапуваше за Победа.
Во меѓувреме, тимот го напуштија Александар Бошковски (Локомотива) и Душко Андонов и Ванчо Трајчов (Брегалница). Силекс летово остана и без Глигор Глигоров, Зоран Шалевски, Никола Шакиќ, Дарко Трајчев и Благојче Марковски, но ниту еден од нив не успеа досега да пронајде нов клуб.
- видео со новото засилување Миодраг Караџиќ