Тројца нови фудбалери во Силекс
пишува - Оливер Арсовски
Двајца интернационалци од Србија и еден македонски фудбалер се првите летни засилувања во прволигашот Силекс. Мирко Јовановиќ (23), играч за врска чиј последен клуб е Графичар, и стоперот Немања Иванов (17), стопер кој доаѓа од бугарскиот клуб Костинброд, го дополнија српскиот тандем Васов - Стојановиќ. Јован Шавревски (21) е десен бек кој доаѓа од редовите на струшкиот второлигаш Влазними. Клубот летово го напуштија Милан Николиќ и Александар Алексовски.
Кратовци изминативе десеттина дена одиграа три контролни средби. Го совладаа Осогово во Кочани со 2-0, одиграа нерешено во Турново 2-2, а загубија во Маврово од Металург со 0-2.