„Футсалците“ од КМФ Кратово добија донација во опрема од своите сограѓани кои веќе подолг период живеат во американскиот град Чикаго. Паричната донација кратовци ја искористија за набавка на 11 комплети спортска опрема (дрес и шортс) и 11 пара тренерки од брендот ЈАКО, како и 8 фудбалски топки. Во блиска иднина се прават напори за обезбедување на уште една донација за набавка на спортски јакни. Футсал клубот од Кратово кој бележи извонредни резултати сезонава и е на лидерската позиција, изразува благодарност до кратовската колонија во Чикаго.
