gogo

A+ R A-


Кратовскиот голман потпиша во Украина

Мартин Богатинов промовиран во Карпати

пишува - Оливер Арсовски

Нашиот сограѓанин, голманот Мартин Богатинов (24), денес ја имаше својата промоција во дресот на украинскиот прволигаш Карпати од Лвов. Тој потпиша договор во траење од три години, со можност да продолжи уште две. Во фудбалските кулоари деновиве се шпекулираше со цифра од 150.000 евра, иако сеуште нема официјална информација. Откако беше промовиран пред украинските новинари, тој веднаш ја даде и првата изјава.

-Можеби мал процент од моите вештини се вродена дарба, се друго е многу работа и тренинзи. Мојот идол меѓу голманите е Ван дер Сар. Мислам дека ова е дефинитивно чекор напред во мојата кариера. Сакам да растам во фудбалска смисла, сакам да стигнам до врвот и да играм за најдобрите клубови во Европа - рече Богатинов.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.