Силекс во Кичево, на неутрален терен, одигра само 1-1 со фенерџијата Скопје и не успеа да побегне на своите ривали во битката за третата позиција. Кратовци поведоа рано, уште во 16-тата минута со голот на Глигор Глигоров, но во вториот дел израмни Филип Петковски. Скопјани за малку ќе стaсаа и до трите бода, откако во финишот Филип Глигоров направи непотребен пенал. Сепак, на сцената стапи расположениот голман Милан Митровиќ и со одлична интервенција го одбрани ударот на Петковски.
РЕЗУЛТАТИ 28.КОЛО
Вардар - Шкендија 2-3 (Колевски 43', Блажевски 47'; Ибраими 6', 51', Муслиу 59')
А. Пандев - Шкупи 1-2 (
Пелистер - Победа 1-1
Скопје - Силекс 1-1
Ренова - Работнички 1-1
ТАБЕЛА
1. Шкендија 72
2. Вардар 49
3. Силекс 42
4. Работнички 35
5. Ренова 34
6. Шкупи 33
7. А. Пандев 32
8. Победа 26
9. Пелистер 25
10. Скопје 25