gogo

A+ R A-


КУП: Пелистер - Силекс 1-0, на голот му претходеше класичен фаул над Глигоров (ВИДЕО)

altФудбалерите на Силекс не успеаја да издржат, а им недостигаа само петнаесеттина минути да ги задржат почетните 0-0 на гостувањето во Битола во рамки на четвртфиналето на Купот. Пелистер победи со минимални 1-0, по заслуга на нововлезениот Боби Божиновски, кој во 77-та минута искористи невнимание во одбраната на Силекс и донесе триумф на домаќините. Се чини дека кратовци се оштетени, од причина што на погодокот претгодеше класичен прекршок над Глигоров, кој Марковски не го досуди.
Кратовци можеа да возвратат неколку минути подоцна и со песна да се вратат дома, но ударот на Танушев со глава под пречката, Пашовски на чудесен начин го одбрани.
Од друга страна, Пелистер можеше да дојде и до убедлива победа, но голманот Вујанац со парада го спречи Василев, кој можеше да избира каде ќе пласира за 2-0, на само неколку минути пред последниот судиски свиреж.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.