Денес во просториите на ФФМ беа извлечени четирите четвртфинални парови од националниот Куп, а среќата најмногу го посака Силекс, кој за противник го доби единствениот второлигаш Вардар. Дерби пресметка секако ќе биде и дуелот меѓу Шкупи и Шкендија. Да потсетиме дека се игра само еден меч и победникот оди во полуфинале.
ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ
СИЛЕКС – ВАРДАР
МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
Да кажеме дека натпреварите од оваа фаза на Купот се играат на 9 ноември со почеток во 13 часот.
Полуфиналето е закажани за 5 април следната година, додека големото финале во мај 2023 година, како што е вообичаено.