Денеска во Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени паровите за четвртфиналето во Купот на Македонија. Кратовци ќе бидат сведоци на уште едно големо дерби на Истокот, дуел меѓу Силекс и Брегалница, со само една пресметка во Кратово која ќе го даде патникот во полуфиналето. Тоа ќе биде повторно враќање во Кратово на играчи кои се афирмираа во дресот на Силекс, а сега се во Брегалница, како Дарко Додев, Боби Георгиев, Стефан Коцев, Филип Миленковски, како и на екс тренерот на кратовци, Марјан Секуловски - Мане.
ДВОЈКИ ЧЕТВРТФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА
ПЕЛИСТЕР - ВАРДАРÂ
СИЛЕКС - БРЕГАЛНИЦАÂ
ШКЕНДИЈА - СТРУГА
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. - ШКУПИ
Натпреварите се играат на 24. ноември со почеток од 13:00 часот.