Силекс подготвува одмазда за ланската елиминација
&feature=player_embedded
Првенствениот дуел со Вардар е веќе минато, поразот во добра игра боли, но време за жалопојки нема. Веќе утре фудбалерите на Силекс ги очекува дуелот од националниот Куп против стариот познаник и голем должник Тетекс. Токму лани фудбалерите на Силекс беа елиминирани во осминафиналната фаза од „штофарите". Првин загубија на домашен терен со 0-1, а потоа и во реваншот капитулираа со резултат 0-2. Но, одтогаш кратовци не знаат за пораз во дуелите со тетовци, дури трипати останаа непоразени, што им дава за право да се надеваат на добар резултат кој ќе им гарантира мирен реванш за 14 дена.
Големи оптимисти пред утрешниот дуел со Тетекс се и Мирослав Атлески и Ѓорѓи Заревски, кои најавуваат победа од најмалку два гола разлика