gogo

A+ R A-


КУП: Силекс замина за Битола по добар резултат за мирен реванш

Уaltтре (среда, 13.30 часот) се играат првите четвртфинални средби од фудбалскиот Куп на Македонија, во кој еден од најинтересните дуели ќе биде оној во Битола меѓу Пелистер и Силекс. Кратовци уште денес заминаа за Прилеп, каде ќе преноќат, за да утре свежи излезат на теренот под Тумбе кафе, по резултат кој ќе им обезбеди помирен реванш на почетокот на декември во Кратово. Силекс има добро искуство од претходниот меч во Битола, кога одиграа без голови, а такво нешто посакува и сега.
-Не очекува многу тешка борба на теренот, против силната и квалитетна екипа на Пелистер. Пласманот на табелата на домаќините говори дека ќе имаме тешка задача, но ние одиме да го дадеме максимумот. Во таков случај, очекувам поволен резултат кој ќе ни обезбеди шанса во реваншот во Кратово да влеземе меѓу четирите најдобри - вели стоперот Немања Иванов.
Судија на мечот ќе биде охриѓанецот Марјан Маркоски, а ќе му помагаат Мацевски и Чакарески.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.