gogo

A+ R A-


КУП Василево - Силекс 1-7

Василево ги залечи раните на кратовци

Оливер Арсовски

Фудбалерите на Силекс многу полесно од очекувањата излегоа на крај со третолигашот Василево и без многу мака продолжуваат во следниот круг од националниот Куп . Избраниците на тренерот Ане Андовски рутински ја наполнија мрежата на третолигашот, победувајќи со резултат 7-1, што е втора највисока победа на вчерашните дуели, по онаа на Шкендија од 7-0 над Охрид Лоте. Стрелец на три погодоци беше кратовчанецот Стојанче Насевски - Чоко, два постигна Борјан Стојановски, а по еден Слаѓан Митевски и Александар Стојановски.

-Победата можеше да биде изразена и со многу повеќе погодоци, но пеколното време и комбинираниот состав кој настапи ги спаси домаќините од поголема катастрофа. Овој дуел го прескокна Темелков, Заревски и Лампевски, а капитенот Мишовски настапи само во првото полувреме. Овој триумф ни ги залечи раните по несреќниот пораз во Охрид во третото лигашко коло, и ќе ни биде дополнителен стимул да оствариме позитивен резултат на гостувањето в сабота против Тетекс – рече Мирослав Атлески, кој истотака не настапи на вчерашниот меч, чувајќи ги силите за дуелот против својот поранешен клуб.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.