На една недела пред завршување на преодниот рок во македонското фудбалско првенство, раководството на Силекс направи добра работа со ангажманот на петмина фудбалери. Прв потпиша напаѓачот Игор Павловиќ (доаѓа од Мачва Шабац, играл и за Пелистер и Победа), роден битолчанец со македонски и српски пасош. Одбраната е посилна за српскиот интернационалец Душан Рајда, а на голот конкуренција на стандардниот Даниел Божиновски ќе му биде Србинот Филип Пјевац (и двајцата доаѓаат од фк Вршац). Се очекува големо засилување да биде младиот и талентиран полушпиц Денис Миленов кој доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров. Речиси завршена е работата и со Холанѓанецот со потекло од Суринам, Натано, кој исто така оперира во шпицот на нападот.
„Квинтет“ засилувања во Силекс
Најново
![]() | Денеска | 2049 |
![]() | Вчера | 2931 |
![]() | Оваа недела | 9587 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 35477 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20953486 |