gogo

A+ R A-


Љубодраг Милошевиќ на клупата на Силекс

пишува - Оливер Арсовски

alt

По заминувањето на Ане Андовски, раководството не кратовскиот прволигаш Силекс не чекаше долго да назначи уште една играчка легенда на кормилото на клубот. Од вчера нов шеф на стручниот штаб е Љубодраг Милошевиќ, Србин со македонски пасош кој настапуваше и како играч во дресот на Силекс.

-Силекс е моја природна средина и тука се чувствувам како дома. Овде како играч доживеав потполна афирмација, со кратовци бев и шампион. Се нафатив да го предводам клубот во следниот период и да го вратам на позициите на кои се наоѓаше во деведесеттите години од минатиот век. Имам на располагање млад тим, со многу неискусни играчи и прва задача ќе ми биде да го засилам тимот во сите линии – ни изјави Милошевиќ по завршувањето на првиот тренинг. Неодамна Милошевиќ беше на тренерско усовршување во холандскиот прволигаш Херенвеен, а како играч го носел дресот на белгиски Алст и кипарски Дигенис.

alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.