Фудбалерите на Силекс загубија и во вториот контролен меч во Анталија, и тоа повторно од руски второлигаш. Луч Енергија од Владивосток ги совлада кратовци со 2-1, со погодоци во 4-та и 46-та минута. Почесниот погодок за Силекс го постигна Филип Тимов од пенал во финишот на мечот.
