gogo

A+ R A-


Мак-лигата 4-та по неефикасност во Европа, Силекс-Работнички (3-5) најефикасниот меч

altМакедонската фудбалска Прва лига е четврто најнеефикасно првенство во Европа со просек од 2,3 гола и само првенствата на Црна Гора, Албанија и на Грција се понеефикасни од нашиот шампионат.

Со години македонскиот прволигашки фудбал воопшто не е привлечен меѓу македонската публика поради слабиот квалитет, која сè повеќе ги заобиколува стадионите во неделите. Лошите фудбалски претстави на кои две третини од мечевите не нудат ништо повеќе од 90-минутно „малтретирање на топката“ и неинвентивноста на играчите и лошите реализаторски способности на напаѓачите, при што изостануваат возбудата и головите, јасно е зошто стадионите зјаат празни.

Досега по 16 одиграни кола и вкупно 96 меча во Првата лига, во македонскиот шампионат се постигнати 221 гол или 2,3 гола по меч. Најефикасен е шампионот Вардар со 30 гола по меч, од кои 24 на домашен терен, што е фантастичен просек од три гола по меч. Но црвено-црните мака мачат на гости, каде што едвај постигнаа шест гола. Најнеефикасен е последниот Тетекс, кој има постигнато едвај осум гола или дава гол по еден на секој втор меч.

Најмногу голови во една средба од македонското првенство имаше во Кратово на 26 август годинава кога Работнички победи против Силекс со 5-3. Дури 18 меча завршиле со резултат 1-0, седум дуели играле најнепопуларно 0-0, а 12 пресметки биле ремија 1-1.

Само три тима покрај Вардар во оваа сезона успеаја да стигнат до барем 20 гола по 16 кола, и тоа Шкендија има 28 голови, а Турново и Работнички по 20. Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси, пак, само есенва во мечевите во Ла Лига има 19 голови, а вкупно 24, ако се пресметаат и головите што ги постигна во Лигата на шампионите, што значи дека е поефикасен од повеќе од две третини од клубовите во Македонија.

Зад нашата Прва лига, Црна Гора има просек од 2,15 погодоци по меч, Албанија има 2,08 голови по меч, а најслаба е лигата на јужниот сосед Грција со точно два гола по меч. Најефикасно првенство е германската Бундеслига, која во последните години е вистински хит во Европа, иако не е атрактивна како англиската Премиерлига или шпанската Ла Лига, ако се мери по бројот на ѕвезди што играат. Германците имаат просек од 2,92 голови по меч, имаат најпосетени мечеви во просек… Следува Шпанија со 2,88 голови по меч, трета е Англија со 2,76 голови, па Франција со 2,64 и Италија со 2,62 гола во просек.

извор www.mkd.mk

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.