gogo

A+ R A-


Македонија во полуфинале на ракометното ЕП - еве што треба да се случи!!!

altРакометната репрезентација на Македонија со двете победи во групата и пласманот во втората групна фаза од ЕП во Хрватска оствари одличен резултат. Меѓутоа, на неколку часа пред историскиот меч со Германија, се отвараат неколку комбинации кои го олеснуваат патот на Македонија до полуфиналето на ЕП. Да одиме со ред.
-Прв услов е Македонија да се надмине себе си и да оствари триумф над Германија за да пренесе 4 бода во следната фаза, пред Германија, која би пренела само еден (или евентуално два, доколку Црна Гора ја победи Словенија, што е малку веројатно).
-Вториот услов е Чешка да ја победи Унгарија, а Шпанија да ја совлада Данска во групата Д. Тоа би значело дека Шпанија би влегла со 4 бода во следната фаза, а нашиот најголем противник Данска би пренел 0 (нула) бодови во следната фаза.
-Доколку Унгарија ја совлада Чешка (што е многу веројатно), тогаш победникот од мечот Шпанија - Данска би пренел четири бодови во следната фаза и речиси би бил сигурен патник во полуфиналето.
РЕЗИМЕ
Македонија мора да ја победи Германија денес, за нас овој меч е позначаен и од финалето на ЕП. Во тој случај Германија би ја тргнале од конкурентите за полуфинале (под претпоставка дека „швабите“ нема да ги добијат сите три пресметки во новата група, што е веројатно). Со една победа и два пораза во следната група веројатно ќе извисиме во битката за втората позиција, а две победи и пораз (или победа, реми и пораз) веројатноби биле доволни за пласман на посакуваната втора позиција во групата.
СРЕЌНО МАКЕДОНИЈО!!!
Оливер Арсовски
фото - Филип Вирановски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.