gogo

A+ R A-


Македонско голманско вино - Саша Илиќ на 43 години брани како пантер

За чуварите на мрежите се вели дека се како виното - колку се постари, толку се подобри. Ако Италија ги имаше Дино Ѕоф и Марко Балота, а Англија Питер Шилтон, тогаш и Македонија може да се пофали со голман кој и на 43-годишна возраст успешно брани на прволигашките терени.

altПоранешниот македонски репрезентативец Саша Илиќ, иако веќе шест години е во фудбалска пензија, пред две недели се реактивираше на голот на прволигашот Еуромилк, каде, инаку, ја извршува функцијата тренер на голманите.
- Моето враќање меѓу диреците е инцидентно, затоа што голманите Маџаровски и Костуранов се повредија, а јас донесов одлука да му помогнам на клубот во кој сум тренер и по подолг период повторно да ги облечам ракавиците. Иако шест години немам тренирано, пријатно се изненадив од моите настапи, особено на двете тешки гостувања кај Ренова и Брегалница. Одбранив тешки удари, останавме непоразени и покажав дека не сум заборавил да бранам. Да бидам искрен, иако бев под притисок, уживав на мечевите на кои бранев - истакна ветеранот Илиќ.
На нашата забелешка дека со своите пантерски одбрани ги посрамоти далеку помладите колеги, Илиќ скромно одби да се споредува со нив.
- Не сакам да се споредувам со никого, затоа што јас сосема случајно и на кратко се вратив меѓу диреците. Ако не се рехабилитираат голманите, в недела, веројатно, ќе го имам последниот настап како активен фудбалер, а потоа се враќам на мојата професија тренер на голманите. Посакувам против Металург, без примен гол и со триумф, да ја завршам богатата голманска кариера. Потајно се надевам дека мојот син Филип, кој брани за кадетите на Металург, ќе биде поуспешен од мене и во блиска иднина ќе го облече репрезентативниот дрес - заврши Илиќ.

Оливер Арсовски 

http://vest.mk/default.asp?ItemID=C3F1931205515243882D3D3A71EB5F63

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.