Наташа Илиевска петта во Париз
На првиот од шесте турнири од Премиер-лигата во Париз настапија 415 каратисти, од 40 држави од сите континенти. Во салата „Пјер де Кубертен“, која собира 4.000 гледачи, беа присутни по 3.000. Нашата сограѓанка Наташа Илиевска (до 55 кг) го освои петтото место. Во 1. коло ја победи Трибеиро од Андора (2-0), во 2. коло беше поуспешна од Словачката Миника Вишновска (1-0), во 3. коло ја победи Французинката Стефани Баре (со надгласување), а во 4. коло загуби од Јапонката Рио Фуџи (0-2). Во репасажот загуби и од Мексиканката Лорена Мендоза (0-5). Настапија 28 каратистки.
На поединечните борби на Опен-турнирот (независно од тежината на каратистите), Наташа Илиевска го освои 7. место.Победниците добиваа по 500 евра, вторите по 300, а третите по 150.