Среда, 06 Февруари 2019 16:18
Оливер Арсовски 0 Коментари
Во вториот контролен меч зимава, фудбалерите на Силекс одиграа реми 1-1 против лидерот во Втората лига – Запад, екипата на Струга Трим Лум. Силекс го одигра вториот меч на подготовките во Охрид, откако пред два дена ја совлада Корча со 4-0. Стрелец на единствениот гол за триумф на кратовци беше Марко Рајковиќ. Струга израмни со голот на Кочовски.